Билатералните односи и можноста за нивно продлабочување, спорот за името со Грција и состојбата во регионот се главните теми за кои денеска во Вашингтон ќе разговараат шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски и државниот секретар на Соединетите Држави, Кондолиза Рајс. Од македонското министерство за надворешни работи информираат дека на средбата ќе биде потпишана декларација за стратешко партнерство меѓу двете земји, која подразбира продлабочување на соработката во повеќе области.
Документот за продлабочување на билатералната соработка со Соединетите Држави на земјава и беше ветен откако Македонија, поради грчкото вето, не успеа да ја добие поканата за членство во НАТО, на неодамнешниот самит во Букурешт.
Ваквиот документ, според аналитичарите има политички карактер. Според проф. Мерсел Биљали тој во никој случај не значи замена за нашето членство во Алијансата.
„Мислам дека се работи за документ кој повеќе има политичко значење, отколку воен карактер, така што некоја екстра воена протекција од тој документ не може да произлезе. Затоа што постапката за усвојување на такви акти е многу покомплицирана. Овој документ повеќе има политички карактер и во никој случај воопшто не значи замена за членството во НАТО“.
Пред средбата со Рајс, министерот Милошоски за агенцијата МИА изјави дека Македонија ќе настапи со ставот оти е подготвена да разговара на темата што ја отвора и наметнува Грција.
Во моментот не чувствуваме дека другата страна е подготвена и има слична цел.
Целта на оваа грчка влада е Македонија да не го фати овој чекор за влез во НАТО заедно со Хрватска и Албанија, туку да остане во другиот круг со Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Нивната цел не е решение во 2008 година, изјави Милошоски.
Според најавите, освен со државната секретарка, Кондолиза Рајс, Милошоски ќе се сретне и со претставници на Американскиот конгрес и на Еврејскиот Светски комитет.