Достапни линкови

Ниту во ВМРО ДПМНЕ, ниту во ДПА без прецизно објаснување што значи договорот


И во ВМРО ДПМНЕ и во ДПА велат дека резултатот од одлуката за враќање на ДПА во владата е формирање на работни групи кои што ќе работат на изнаоѓање решение за петте барања кои што придонесоа за излегување на албанскиот коалиционен партнер од власта. И во двете партии тврдат дека ќе има нови законски решенија за законот за употреба на јазиците, жртвите од конфликотот во 2001 година, за употреба на знамињата, правичната затапеност на етничките заедници, а четирите хашки случаи согласно постоечката законска регулатива треба да бидат решени од страна на држаните институции. Но, во ниту една од двете партии без прецизно објаснување зошто би се изготвувале нови законски акти кога се договорија решението за овие прашања да се бара преку постојниот Устав и постоечките закони. Во ВМРО ДПМНЕ кусо објаснуваат дека практично дел од овие прашања сега се широко опфатени со повеќе закони, на пример кога станува збор за законот за употреба на јазиците, а суштината на договорот меѓу двете страни е некои од нив да бидат регулирани со посебен закон. Во ДПА пак посочуваат дека главната цел поради која што решиле да се вратат во власта е креирање атмосфера на дијалог бидејќи станува збор за битни прашања. Доколку покажеме дека овие барања може да се решат, ќе се остварат стратешките интереси на земјата, а тоа е влезот во НАТО и добивање на датум за преговори со ЕУ, ни изјавија од ДПА. Договорот меѓу владините коалициони партнери дополнително се комплицира, бидејќи владеачкта ВМРО ДПМНЕ води дијалог по сосема истите прашања, инаку од т.н мајски договор, и со ДУИ. Во Демократската Унија за интеграција посочуваат дека без разлика на случувањата тие ќе ги продолжат разговорите со главната владеачка партија:

„За нас останува да се имплементира мајскиот договор, секако остануваме на тоа што го имаме договорено со ВМРО ДПМНЕ да биде имплементрано.“

Изјавува Рафиз Алити од ДУИ кој додава дека ДПА по овие прашања нема легитимитет да преговара:

„Очигледно дека ДПА ниту имала политичка платформа, ниту сега има и токму затоа јавноста се лаже дека се формираат комисии.“

Вели Алити.
XS
SM
MD
LG