И покрај фактот дека децата можат да собираат албум со сликички на кои меѓудругото има и крвави слики од автомобилската несреќа во која загина Тоше, уредникот на изданието Жељко Бошњак не смета дека тоа е спорно. Бошњак ги одбива и наводите дека станува збор за кршење на авторските права, бидејќи како што вели, во Босна и Херцеговина никој нема авторски права за ликот на Проески. За негативните реакции во јавноста кои започнаа со објавувањето на албумот, Бошњак смета дека се одговорни исклучиво останатите издавачки куќи:
„Тој дел е објавен, иако сега би сакал да не беше објавен. Тоа во суштина се само неколку сликички, и мислам дека премногу се потенцираше. Јас прв се сетив на тоа, прв ја започнав работата. Според мене, спорно е тоа што албумот јас го објавив прв, а не некој друг.“
Во продажба се пуштени околу две илјади примероци на слики, но нивното натамошно печатење е стопирано, поради како што вели Бошњак, ,,израз на добра воља„ пред состанокот со менаџерката на покојниот Тоше. Тој истакнува дека веќе наредната недела ќе отпатува за Македонија. И додека авторот на албумот се повикува на разговорот со менаџерката Љиљана Петровиќ, таа во изјавата за Радио Слободна Европа, изразува згрозеност од објавувањето на албумот и порачува дека може да се разговара само за покренување кривична пријава:
„Ликот и делото на Тоше го заштити меѓународната фондација и Македонија. Значи го заштити државата и неодамна отворената меѓународна фондација ,,Тоше Проески“. Сите материјали кои што се во сопственост на Аворд ги има продуцентската куќа. Единствено што може да разговара со нас, односно со семејството, е дали ќе поднесеме пријава или не.“
И претседателот на Здружението на естрадни и слободни уметници во Босна и Херцеговина Хусеин Куртагиќ го осудува издавањето на албумот, но вели дека тоа во Босна и Херцеговина е невозможно да се спречи:
„Единствено електронските и печатените медиуми можат да сторат нешто за да се сврти вниманието, во смисла на апел, на опомена... Но, вие не можете да поднесете тужба. Доколку се одлучите за тоа, било кој да биде тужител, тоа подразбира една процедура која толку ќе се одолговлечи, што ќе нема никаков ефект.“
Албумот со сликички за животот и смртта на Тоше, во Мостар бил распродаден за 24 часа по објавувањето.