Полицијата најави засилено обезбедување на државните институции, откако потврди дека две гранати експлодирале во близина на зградата на Владата на Македонија, ноќеска помеѓу 00.30 и 01 часот.
„Првата, експлодирала на улица „Орце Николов“ бр 58 помеѓу зградите, удирајќи во горните гранки од крошната на едно од дрвјата. Втората, експлодирала спроти владината зграда, пред јапонскиот конзулат, удирајќи во бетонски ѕид“,
изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
По инцидентот екипи од антитероризам при МВР зеле фрагменти од испуканите гранати.
„Од извршеното вештачење, утврдено е дека се работи за детонација на гранати испукани од рачен фрлач со калибар од 40 милиметри, со домет од 450 метри. Според досегашните анализи потеклото на гранатите е од Јужно Африканската Република“,
вели Котевски.
Во меѓувреме, СДСМ бара од полицијата брзи и детални информации во врска со гранатирањето на Владата, во спротивно ќе смета дека настанот е „лага“.
„СДСМ очекува Министерството за внатрешни работи во најкус можен рок да излезе со информација за инцидентот и да ја лоцира одговорноста, во спротивно СДСМ ќе смета дека целиот настан е само уште една фабрикувана лага, за дефокусирање на јавноста од проблемите со кои се соочува оваа Влада,“
се наведува во соопштението на оваа партија.