Достапни линкови

Со реклами до странски инвестиции


Инвестирајте во Македонија, новиот бизнис рај во Европа е мотото под кое држава од пред пет дена се рекламира во педесет весници кои излегуваат во 35 земји. Ова денеска го соопшти премиерот Никола Груевски според кој ефектите од оваа кампања неможе да се почуствуваат веднаш:

„Немаме нереални очекувања дека после оваа пред кампања ќе има бум од инвестиции или дека сите ќе дојдат, такви очекувња немаме, но имаме очекувања дека ќе се појави интерес кај многу, некои од нив ќе ангажираат странски консултатни да им изготват анализи.“

Државава пак ке се обиде да ги заинтересира странските инвестирори со неколку работи

„Десет насто данок на профит и данок, нула насто данок на реинвестирана добивка, бруто плата во Република Македонија пресметана на просечната плата е 370 евра, слободен пристап до големите пазари, макроекономска стабилност, одлична инфраструктура и фактот дека Република Македонија има статус на кандидат за членство во ЕУ и НАТО,“

изјави Груевски и додаде дека за презентацијата покрај нашите амбасади лобирање ке вршат и консулатнски куки од дваесетина земји за што веке е распишан тендер и кои ако донесат инвеститори ке бидат наградени. Дел од кампањата пак се и патувањата и лобирањата на министрите без ресор Глигор Ташковик и Веле Самак кои веке извесен период шетаат по странските земји.Груевски вели дека ефектите и од нивната работа ке дојдат подоцна

„Ефектите се чувствуваат во интересот, а поконкретно ќе се почувствуваат кога некои од тие компании по година или година и пол ќе донесат одлука да инвестираат во Република Македонија.“

За оваа цел како што изјави Груевски агенцијата за стрснски инвестиции добила пет пати поголем буџет и нов директор, Виктор Мизо кој доага од Њујорк
Презентацијата на можностите кои им ги нудиме на странските инвеститори ке трае до 1 Март а покрај огласите во весниците има и отворена телефонска линија на која заинтересираните ке може да добијат подетални информации а тоа ке може да го сторат и на специјално отворена интернет страница.
XS
SM
MD
LG