Достапни линкови

Ми требаат Караџиќ и Младиќ во Хаг пред 11 јули за да присуствуваат на комеморациите во Сребреница


Враќање на сеќавањата за хоророт во Босна или признавање на минатото во Србија. Како и да е, не стивнуваат реакциите по објавувањето на снимките за убиството на 6 –те босански муслимани од страна на српските парамилитарци во Сребреница во 1995 година. Ефектот од видео снимките во Србија дури предизвика Радикалите да предложат расправа за воените злосторства во Собранието. Српското обвинителство за воени злосторства поднесе барање за истрага против седум лица, од кои 4 се уапсени. Објавувањето на снимките коинцидираше со Балканската турнеа на главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Карла дел Понте, која во Сараево рече дека постојат и други снимки за убиства во Босна.

„Ми требаат Караџиќ и Младиќ во Хаг пред 11 јули за да присуствуваат на комеморациите во Сребреница,“

беше пораката на Дел Понте. Во Сребреница беа убиени осум илјади муслимани, а на 11 јули се одбележува десет годишнината од масакрот.
XS
SM
MD
LG