Достапни линкови

Граѓаните се почесто возат нерегистрирани возила


Сумата што еден возач треба да ја издвои за регистрација на автомобилот е повисока од просечниот стандард во државава реагираат голем број граѓани револтирани од тарифникот во здруженијата за регистрација на автомобилите.

„Изгор е, за едното возило ме чинеше 9,800, а за другото 7,500“

„Не знам во Европа дали има некој поскап од нас.“

Во илустрација на висината на сумата што треба да се издвои за регистрирање на возило во Македонија во здружението на возачи ја посочуваат најниската цена на чинење.

„Најефтина регистрација е за фиќо, тоа е 6,500 поефтино од тоа нема.“

Еден граѓанин кој вози фиќо пак вели дека од друга страна во случај да вози нерегистрирано возило - што во последно време станува пракса кај нас тој на полицијта ќе мора да и плати казна што е подеднакво висока колку и самата регистрација.

„Превисока е цената за регистрација. Една казна, една регистрација.“

Револтот на граѓаните поради високите цени за регистрција е оправдан се соглсуваат во здружението на возачите но посочуваат дека тоа се должи на тоа што најголем дел до парите се наменети за осигурителните компании.

„Педесет насто од цената за регистрација оди за осигурување на возилото, триесет насто оди на патарина, другото останува комунална такса, екологија и техничкиот преглед учествува со пет насто.“

Еден сопственик на возило комнтирајќи ја аргумнтацијата со која се објснуава висината на чинење за регистарција на возило вели:

„Знам зошто се, кога ќе ми ја дадат фактурата знам да прочитам, само не верувам дека наменски се трошат средствата. Затоа што таму имам патарина, ама имам патарина и во бензинот, секаде, ама патиштата пак не ни чинат.“

Во здружението на возачи велат дека висината на сумата што во најголем дел отпаѓа ан осигурителните компании ја определува владата.Во тој комтекст тие упатуваат оти:

„Ние немаме удел во тој поглед, тие цени ги утврдува државата за сите компании на ниво на национално биро за осигурување и ги одобрува владата.“

А граѓаните коментираат:

„Возилото е потребно, колку чини толку ќе се плати, нас никој не не прашува дали е скапо или ефтино.“
XS
SM
MD
LG