Македонскиот претседател Борис Трајковски, во првата официјална реакција во Македонија на почетокот на нападите врз Ирак, ја потврди "припадноста и поддршката на Република Македонија" на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави и Велика Британија во акцијата за разоружување на режимот на Садам Хусеин.
"Ја користам оваа можност уште еднаш да ја потврдам припадноста и поддршката на Република Македонија на оваа коалиција, делејќи го уверувањето дека режимот на Садам Хусеин е директна закана за светскиот мир и безбедност,"
се вели во соопштението од кабинетот на Трајковски.
Денеска реагираше и македонското министерство за надворешни работи, по повод започнувањето на војната во Ирак, „со жалење констатира дека сите напори на меѓународната заедница за мирно решавање на ирачката криза се покажаа како неуспешни."
Министерството за надворешни работи се надева дека операцијата ќе заврши брзо. Во соопштението се вели:
„Изразуваме надеж дека воената операција за разоружување и уништување на средствата за масовно уништување на режимот на Садам Хусеин ќе заврши брзо, успешно и со што е можно помали последици.“