Од Министерството за правда велат дека e во тек постапка за екстрадиција во Турција на 15 лица за кои се поднесени барања оваа и минатата година, и дополнија дека и други институции во земјата требало да одлучуваат за процедурите.
"Во моментов има 15 барања за екстрадиција во Турција поврзани со обвиненија за тероризам. Сите овие постапки се во тек и надлежните институции комуницираат", ни рекоа од министерството, во врска со барањето на министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, да се преземе дејства против припадници на организацијата ФЕТО, која официјална Анкара ја смета за тетористичка.
Институциите не го откриваат идентиетот на лицата кои се бараат и потврдуваат дека барања за екстрдиција не се однесува на македонски државјани. Но, од амбасадата на Турција во Скопје за медиумите изјавија дека меѓу лицата кои се бараат има раководители на образовни институции, претставници од медиуми на турски јазик и од и невладини организации кои работат во земјата.
Упатените коментираат дека случајот со членовите на ФЕТО кои Турција ги бара од земјава претствува чувствителна тема со оглед дека од една страна Турција ги бара овие лица за тероризам, но има и други согледувања дека овие лица се жртви на политички прогон.
Минатата недела Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека во земјава имало 15 припадници на организацијата ФЕТО.
„Моите информации говорат дека се работи за 15 лица, од кои двајца веќе не се на територијата на нашата држава“ рече министерот Спасовски
Во однос на тоа дали ќе се екстрадираат припадниците од ФЕТО, деновиве и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска рече дека овие случаи сите ги разгледуваат, и дополни дека се води сметки за нашите закони, како и за нашите односи со сојузниците.
“Меѓутоа, она што е важно е сето тоа да биде не само дел од нашите билатерални односи, туку дел и од нашите правни постапки, нашата законска поставеност”, нагласи министерката за одбрана.
Поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов. коментира дека тешко може да се очекува земјава да постапува само по некаков предаден список со имиња.
„Колку што јас сум во тек, нашата влада, министерството за внатрешни работи и сите други институции инсистираат на судска процедура и постапка што значи дека ако за кој било во Турција се води судска постапка, има меѓународна потерница итн, тогаш нашите се должни да одговорат на соодветен начин согласно меѓународните конвенции“, вели Трајанов.
Во земјава, прашањето за структурите кои се сметаат за блиски до Фетула Ѓулен, свештеникот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се отвори пред три години, по неуспешниот обид за пуч во Турција.
За време на посетата на Скопје на 3-ти април, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, побара од Скопје да ги предаде осомничените поддржувачи на прогонетиот свештеник Фетулах Ѓулен. Тој рече дека очекува Северна Македонија да преземе дејства.
Иако, Акар истакна дека двете земји имаат блиски односи и дека Турција посакува во иднина Северна Македонија да ги зајакне своите врски со НАТО, во дел од јавноста оваа изјава отвори дилеми, затао што сепак се уште е неизвесно кога македонското членство во воената алијанса ќе биде ратификувано во Турција.
Оваа недела премиерот Зоран Заев рече дека институциите треба да постапуваат по турски барања, врз основа на доказите и врз основа на домашното и меѓународното право. Тој додаде дека Државниот обвинител е задолжен за процесот.
"За ваквите предмети постапува Јавното обвинителство. Доколку има докази тие треба да постапат и без да го бара тоа Турција од нас. Дури и да биде за кој било друг граѓанин надвор за екстрадиција. За нас е важно и домашното и меѓународното законодавство , рече Заев, истакнувајќи ја важноста на пријателството со Турција.
"Во исто време, ние сме европска земја која се стреми да стане дел од ЕУ, така што мораме целосно да ги почитуваме сите меѓународни правила", додаде Заев.
Ова не е првпат Турција да побара акција од своите балкански соседи против наводни Ѓуленисти.
Во повеќе наврати, Турција го впери прстот во образовни институции, компаниите, медиумите и невладините организации во држава , барајќи да се преземат мерки против наводни Ѓуленисти.
Во Македонија, прашањето за структурите кои се сметаат за блиски до Фетула Ѓулен, свештеникот противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се отвори пред три години, по неуспешниот обид за пуч во Турција. Тогаш турската агенција Анадолија објави список со фирми кои се сметаат за блиски до Ѓулен. Тие тогаш пишуваа дека во земјава имало седум такви училишта, а функционирале и фирми за транспорт, трговија, здравство и туризам. На листата ,според агенцијата, тогаш беа основните и средните училишта „Јахја Кемал”, неделникот „Заман Македонија“, организацијата „Седеф“, во областа на туризмот агенцијата „Башак“, потоа компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР, „Здружение на бизнисмени“, Фондациите „Шафак“ (Şafak) и „Толеранс“ (Tolerans).
Во 2016 година во јавноста имаше информација и дека македонската влада донела одлука за затворање на турските училишта и организации поврзани со муслиманскиот свештеник, но тоа официјално и конкретно никој не го потврди. Од дел од организациите отфрлија каква било поврзаност со Ѓулен.
Анкара смета дека свештеникот од Њујорк, Ѓулен, е одговорен за неуспешниот државен удар во Турција во јули 2015 година и оттогаш неговите поддржувачи ги нарекува ФЕТО, што претствува кратенка за терористичката организација Фетулах.
Ѓулен ја негираше одговорноста за неуспешниот државен удар, а САД досега ги игнорираа турски барања за негова екстрадиција .