Што се случи во годината по нападот врз зградата на Капитол?
Беа тоа незамисливи сцени на насилство што ги виде целиот свет: лута толпа упадна во зградата на Капитол во Вашингтон на 6 јануари минатата година. Дванаесет месеци подоцна, истрагите за тоа што доведе до насилството, неговите извршители и наводните врски на поранешниот претседател Доналд Трамп со хаосот, произведуваат поплава од докази и предизвикуваат стравувања за иднината на американската демократија.