Во вашиот говор на конференцијата спомнавте дека ние живееме во свет каде што владее „Пинокио манија“.Зошто ?
Оваа година ќе излезат три Пинокио филмови кои што покажува дека луѓето се фасцинирани од оваа приказна напишана пред речиси 150 години. Зошто? Мислам дека дел од одговорот е фасцинацијата од разликувањето на лагата од вистината и Пинокио е ( симбол ) амблем на тоа во смисла на тоа дека неговиот нос расте секогаш кога ќе каже лага. Но, тоа е малку површно читање на оригиналната книга која е за нешто навистина релевантно денеска.
Пораката на книгата е дека ако не се образувавате, ако не информирате, тогаш други луѓе ќе ви ги влечат „конците“ други луѓе ќе ве манипулираат. Тоа се случува денеска. Како резултат на интернетот, како резултат на експлозијата на социјалните медиуми, има далеку повеќе можности отколку што имаше порано, за луѓето да бидат манипулирани со помош на лажни вести. Многу луѓе кои знаат што се случува се чувствуваат по малку како Пинокио, како да некој им ги влече „конците“, можеби како некој да ги „вози“, а тоа и се случува секој ден, затоа што луѓето ги „возат“ ги прават будали со помош на дезинформации.
Спомнавте дека Пинокио си ја научи „лекцијата“ со помош на образование, но што е со неговите таканаречени пријатели во приказната ?
Па, Пријателите излезе дека не се воопшти пријатели, тие се лисица и мачка, тие не сааакт да му помогнат на Пинокио туку сакаат да го ограбат, да му ги земат парите. Не сугерирам дека сите манипулаторите сакаат да ги ограбат луѓето на интернет, иако некои сакаат. Целите им се посуптилни, да им дадат на луѓето идеи со цел да ја намалат нивната верба во демократијата посебно. Го гледаме тоа во создавањето на поларизацијата. Тоа што го прават манипулаторите е навлегуваат во ситуациите каде што има потенцијал за поларизација и се обидуваат да го зголемат јазот. Тоа е еден од објективите кој се користи од луѓето кои се обидуваат да ја намалат вашата верба во слободното општество, бидејќи нивен интерес е вие да бидете поотворени кон идејата за авторитарно решение на вашите проблеми.
Како да им се помогне на луѓето кои се чувствуваат како Пинокио да излезат од ситуацијата имајќи ја предвид поларизацијата што ја спомнавте. Италија и Македонија имаат слична состојба кога зборуваме за политичка поларизација во која луѓето ги читаа вестите со помош на политички обоени очила. Како да се надмине тој дуализам ?
Луѓето секогаш ќе ги читаа вестите од нивната конкретна гледна точка. Тоа само по себе не е негативно. Ако сте вие на пример во конзервативна рамка, вие ќе сакате да ги читате вестите од конзервативен весник, ако сте на пример прогресивен, ќе сакате да читате прогресивен весник. Суштинско е да читате информација од висок квалитет без разлика на мислењето на купувачите. Да бидете сигурни дека веста што ја консумирате е вест која е произведена од професионални новинари кои се трудат да ви ги дадат фактите. Вистината е нешто друго, за неа се дискутира, различно е за една личност и друга, но фактите треба да бидат исти за обајцата.
Мислам дека тоа е големата разлика меѓу професионална организација коа може и да направи грешка. Новинарите не се совршени. Можат и да згрешат, но тие треба да си ги признаат грешките. Во тоа е разликата од некој кој што не е заинтересиран за вистината и кој едноставно објавува лаги за да создаде поларизација и да ја намали вашата доверба во демократијата.
Од една страна се професионалните медиуми, а од друга страна има експанзија на портали кои шират лажни вести и дезинформации. Од нивната бучава и шум не може да се слушне гласот на професионалниот новинар. Дополнително и некои политичари самите станаа медиум на Фејсбук и шират дезинформации. Како да се справиме со тоа на социјалните медиуми?
Мислам дека пристигнувањето на социјалните медиуми стана како подарок од Бога за политичарите. На политичарите низ деценииве по обичај им се проверуваше дали е точно тоа што го зборуваат од новинарите, и во многу случаи наидуваше на неодобрување од новинарите. Социјалните медиуми кои се сосема различни им дадоа можност да им се обратат директно на луѓето, да ја пренесат својата порака, без разлика дали е точна пораката, но ја пренесува директно до луѓето без интервенцијата на некој кој што би рекол „чекај, тоа што го кажуваш и не е баш точно“.
Ние сме во различна ситуација, каде мислам дека не е нешто лошо ако се прима директно информацијата, се додека луѓето се свесни дека таа информација може да не е точна. Тоа е она што политичарите сакаат вие да знаете, наместо да добиете утврден факт. Мора постојано да мерите и балансирате со тоа што читате на социјалните медиуми и она што го читате на професионалните и мејнстрим медумите.
Така е затоа што тие се многу различни, на пример социјалните медиуми се платформи со која информациите доаѓаат до луѓето, субјект на алгоритам и компјутерски програми кои бараат да се стекнат со максимална интеракција.
Еден од начините со кои го добиваат тој енгејџменет е со поларизација. Тоа е она за кое луѓето треба да бидат свесни, дека тие не само што се изманипулирани во многу случаи од политичарите, туку се изманипулирани и од наводно „неутрална платформа“преку која ја примаат информацијата.
Како да се победи алгоритмот ?
Тоа е проблем не само за националните влади, туку и за меѓународните институции и организации, бидејќи тие ја имаат моќта влијаат врз компаниите кои ги поседуваат социјалните медиуми. ЕУ работи на тоа, бараат од тие компании да бидат поотворени за алгоритамот, што е во многу случаи комецијално многу сензитивно прашање, при што се инсистира на исполнување на одреден и критериуми во создавањето на тие алгоритми. Тоа е прашање за меѓународните политичари и меѓународната администрација да го реши.