Како технологијата и геополитиката пред еден век го трансформираа општеството? За тоа зборуваат фотографиите кои неодамна ги стави на располагање еден француски музеј.
Фотографија од млад месар во Крушевац, Србија од 1913-та година. Францускиот музеј Алберт Кан ги стави на увид на јавноста колор фотографиите во висока резолуција.
Музејот во Париз повторно беше отворен во април по повеќегодишно реновирање.
Музејот стави на располагање околу 72.000 фотографии во рамките на проектот Архив на планетата.
Фотографиите можеа да се видат и претходно, но во многу полош квалитет и на портал кој не беше најдобро организиран.
Проектот Архива на планетата, во 1909-та го покрена францускиот банкар Алберт Кан, откако технологијата на филмот во боја стана комерцијално достапна.
Кан беше француски банкар, кој, голем дел од своето богатство го искористи за филантропски проекти.
Со овој амбициозен проект, Кан настојувал да забележи како глобализацијата влијае врз трансформацијата на општеството.
Фотографите кои ги ангажирал Кан биле меѓу првите кои фотографирале во боја во земјите каде што работеле.
Директорот на проектот, Жан Бруне, за проектот Архив на планетата оценил дека е идеја која ги користи новите инструменти за да ги сочува фактите за Планетата кои наскоро ќе изчезнат.
Кан задолжил десетина најдобри француски фотографи да патуваат низ светот за да ги забележат човечките активности во тоа време, за кои претпоставувал дека ќе изчезнат.
Од музејот наведуваат дека обновената онлајн архива открива многу поголем избор на фотофрафии.
Повторната употреба на фотографиите е овозможена поради онлајн достапноста.
Технологијата на автохроматскиот филм во боја, кој го користеле фоторафите на Кан, прв пат претставена во Франција во 1907-ма, веднаш предизвика сензација.
Во еден документ се спомнува тврдењето на некој посматрач од 1908-ма, дека техниката ги реплицира боите неверојатно реално.
Во процесот на создавање колор фотографии, автохромниот филм користел милиони „пиксели“, на обоени зрна од скроб од компир, втиснат во емулзијата.
Автохромните фотографии во пастелни нијанси се опишувани какои бои на соништата.
Во оригиналниот натпис за горната фотографија се наведува дека садовите за лимунада се во сина, црвена и бела боја, што укажува на фактот дека боите на фотографијата се избледени.
Автохромните фотографски плочи биле едноставни за користење, но многу скапи.
Главен недостиг на автохромната технологија била нејзината мала чувствителност на светло.
Времето за експозиција, дури и на ведро време, траело со секунди, па било невозможно да се фотографираат сцени во движење.
Фотографите биле во повеќе од 50 држави, а снимиле и околу 100 часа црно-бел филм.
Фотографите ги користеле и видео материјалите за да ја забележат веродостојноста на секодневието.
Кан бил принуден да го прекине проектот откако Големата депресија ги погоди светските финансиски берзи.
Алберт Кан банкротирал во 1932-ра, а починал во 1940-та.
Визуелните записи кои ги оставија неговите фотографи се едни од најзначајните фотографии во боја.