Достапни линкови

Украинските фармери го ризикуваат животот додека се наѕира глобална криза со храната

Неможноста на Украина да транспортира милиони тони жито и други земјоделски производи поради руската инвазија ја влоши глобалната прехранбена криза. Земјата е главен извозник на масла од семиња, пченка и пченица, но војната и руската блокада на пристаништата во Украина ефективно запреа значителен дел од тој проток. Додека лидерите на Украина бараат начини за извоз на земјоделското производство на земјата, нејзините земјоделци се соочуваат со опасни услови како резултат на тековниот конфликт.


16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG