Ова тврдење е интересно за многу страни, меѓу нив и за Светската здравствена организација која планираше да испрати делегација во Туркменистан за да разговара за борбата против коронавирусот.
Но, властите во Ашгабат користат стар трик за да ја одложат и евентуално да ја спречат посетата на делегацијата.
Впрочем и самото одложување е малку збунувачко.
Ако Туркменистан беше толку успешен во спречувањето на коронавирусот, некој би помислил дека туркменските власти со задоволство би и дозволиле на делегацијата на СЗО да ја документира приказната за вируолошкиот триумф на земјата.
Туркменистанскиот лидер ја прекрши забраната, го употреби зборот коронавирус
Можеби Туркменистан прави нешто што другите земји треба да го копираат.
Сите соседи на Туркменистан имаат регистрирано случаи на коронавирус.
Пред 29 април, освен Туркменистан и Таџикистан официјално тврдеше дека нема коронавирус, но, тамошните власти ненадејно тогаш пријавија 15 случаи кои сега се зголемија на неколку стотици.
Многумина мислат дека ситуацијата во Туркменистан е иста. Извештаите за несоодветно голем број на луѓе кои умираат од пневмонија во Туркменистан се појавија веќе во февруари.
Но, криењето на случаи на коронавирус не е единствениот проблем со кој би се соочиле туркменските власти ако ја дозволат посетата на делегацијата на СЗО.
Коронавирусот ја загрозува слободата на медиумите
Во февруари, кога големината на ширењето на коронавирусот стана се повеќе очигледна, туркменските власти воспоставија карантински зони во источната туркменска провинција Лебап за нејзините граѓани кои се вратија од странство.
Секој што пристигна со авион мораше да лета на аеродромот во главниот град на провинцијата Туркменибат за да биде изолиран во логорите. Но, на 27 април, ветровите и силниот дожд погодија делови од провинцијата Лебап предизвикувајќи огромна штета.
Туркменската влада никогаш не ги споменува природните непогоди што повремено ја погодуваат земјата.
На 4 мај „Хјуман рајтс воч“ запраша зошто, повеќе од една недела по невремето, државните медиуми сè уште не пријавиле за катастрофата и зошто полицијата во областа се фокусирала врз приведување на лица осомничени за снимање на штетата на нивните телефони и за објавување на социјалните мрежи.
Ханс Клуге, регионален директор на СЗО изјави дека најмалку 30 лица загинале, а подоцна објави дека владата нема да им помага на илјадниците луѓе сериозно погодени од катастрофата, кои останаа без домови.
СЗО нема овластување да бара пристап до сомнителни места или медицински досиеја или да врши посети на импровизирани болници.
Самите влади го дефинираат нивото на соработка со меѓународната организација.
Претставникот на СЗО во Туркменистан, Паулина Карвовска, ги посети карантинските зони во Лебап на почетокот на мај.
„Се потпираме врз здравствените тела на Туркменистан кои треба да известуваат за потврдени случаи и до сега не сме биле информирани за такво нешто“, рече таа.
Очигледно невремето ја спречи посетата на делегацијата на СЗО на местата за карантин кои владата сакаше да ги претстави како Потемкини села.
Методот за одложување на посетата на делегацијата на СЗО се базира врз стар трик на туркменската влада за набљудувачите на ОБСЕ за изборите кој е стар повеќе од 20 години.
Тогаш авторитаренот лидер Сапармурат Нијазов рече дека сите што сакаат да ги следат изборите се добредојдени, но никој не би бил специјално поканет.
Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) понуди да ги следи изборите, Туркменистан е членка на ОБСЕ, но ОДИХР бара официјална покана за тоа, а туркменските власти никогаш не го направија тоа.
Делегацијата на СЗО е во слична ситуација. И е потребна официјална покана за посета на Туркменистан, но досега ја нема добиено.