Тензично на Деве Баир, тројца бугарски државјани приведени
Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека на граничниот премин Деве Баир биле приведени тројца бугарски државјани за нарушување на јавниот ред и мир. Сите гранични премини неколку часа не дозволуваа премин на македонска територија бидејќи не беше во функција системот за контрола. Откако дефектот беше отстранет, од МВР информираа дека истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава.