Анти ЛГБТ демонстранти нападнаа новинари во Тбилиси по што беше откажана Парадата на гордоста
На анти ЛГБТ маршот во главниот град на Грузија дојде до насилства. Нападнати се и повредени активисти и новинари, меѓу кои и двајца дописници на РСЕ. Напаѓачите ги обвинија новинарите дека шират анти грузиски сентименти. Потоа планираната за денеска Парада на гордоста беше откажана а нејзините организатори ја обвинија владата и црквата за ширење омраза против ЛГБТ заедницата.