Мостар, популарна туристичка дестинација на југот на Босна и Херцеговина, неодамна доби нова. Станува збор за стаклена патека-шеталиште со метална конструкција, подигната околу 15 метри над земјата, во форма на потковица, со вкупна должина од 42 метри. Проектот „Skywalk“ беше финансиран од Агенцијата на Соединетите држави за меѓународен развој (УСАИД), Италијанската агенција за развој и Градот Мостар. Проектот беше спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како дел од проектот Виа Динарика, што се спроведува на Западен Балкан, од Албанија до Словенија. Проектот беше започнат пред избувнувањето на пандемијата на вирусот корона. Иако официјално туристичката сезона сè уште не е започната, на шеталиштето веќе може да се видат посетители, домашни и странски, што нуди прекрасен панорамски поглед на Мостар и околината.
Стаклена патека со поглед кон Мостар
Гоце Атанасов
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.
Категории
- Македонија
- Свет
- ТВ Тема на неделата
- ТВ Тема на денот
- Во 90 секунди