Смрт, оружје и пропаганда во советски стил откриени во напуштена руска позиција
Фотографот на Асошиетед прес, Франциско Секо, ги следеше украинските војници додека ја расчистуваа поранешната позиција на руски ров во регионот Харкив.

1
Украински деминер собира муниција во распаѓање од поранешна руска позиција во близина на селото Хракове, во регионот Харкив во источна Украина на 13 октомври.

2
Импровизиран мијалник во напуштената положба. Руските трупи се повлекоа од селото во почетокот на септември по успешната украинска контраофанзива.

3
Припадници на украинската територијална одбрана поминуваат покрај телото на локален човек, наводно, убиен од руска нагазна мина. Селото Хракове беше дом на околу 1.000 луѓе во февруари, кога Русија ја започна својата инвазија на Украина. За време на руската окупација останаа само околу 30 локални жители.

4
Украински војници влечат камуфлажна мрежа од руската позиција кај Хракове. Таквата мрежа е високо ценета од двете страни во тековниот конфликт поради нејзината способност да ги прикрива возилата и војниците од беспилотни летала.