Во Македонија досега се регистрирани 18 заболени од коронавирус, а денеска се чекаат резултатите за уште седум пациенти. Дебар и Центар Жупа се во карантин, а владата нареди затворање на сите угостителски објекти и сите продавници во затворените трговски центри, освен продавниците за храна и аптеките, за да спречи ширење на коронавирусот. Затворени се и училиштата и факултетите. Скопските улици се празни, а граѓаните во маркетите купуваат намирници.
Улиците во Скопје празни, граѓаните купуваат намирници

1
Човек со медицинска маска на плоштадот Македонија во Скопје

2
Луѓе се враќаат од пазарување

3
Супермаркетите утринава беа преполни

4
Граѓаните купуваат поголеми количини за да го изретчат одењето во продавница