„Силувач...“ ечи низ светот
Феминистичката чилеанска група Лас Тесис прв пат ја испеа „Силувач на твојот пат“ во ноември на денот против насилство врз жени. Според извештаите во Чиле, само 8 проценти од случаите за силување завршиле со затворска казна за сторителот. Но, песната ја испеаја и жени во Австралија, Мексико, Франција, Англија, Шпанија и трендот продолжува и во други градови низ светот.