Достапни линкови

Руско семејство во Србија сместува Украинци во нивниот хотел бесплатно


Михаил Голупцов и неговата сопруга Вера веднаш на почетокот на војната во Украина, ги отворија вратите од нивниот хотел во близина на Крагуевац, за украинските семејства.
Михаил Голупцов и неговата сопруга Вера веднаш на почетокот на војната во Украина, ги отворија вратите од нивниот хотел во близина на Крагуевац, за украинските семејства.

Руска двојка која ја осуди инвазијата на нивната земја во Украина, прими бегалци во нивниот хотел во Србија, аспирант за ЕУ, но традиционален руски сојузник кој се колеба во осудувањето на Кремљ за неиспровоциран напад врз Украина. Бранко Вучковиќ

За Украинците кои бегаат од руските напади врз нивната татковина, престој во хотел не само во сопственост на руски државјанин, туку и лоциран во Србија, аспирант за ЕУ, но и традиционален руски сојузник, може да изгледа чуден избор за засолниште.

Но, за десетици Украинци, хотелот во централна Србија, управуван од Михаил Голупцов и неговата сопруга Вера, е добредојден.

„Кога некој е во неволја, прво треба да му се помогне, без разлика од која вера или етничка припадност, без разлика кој е и од каде е“, изјави Голупцов за РСЕ.

Тој, неговата сопруга и четирите деца ја напуштија Русија во 2014 година, кога Кремљ го зазеде украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува сепаратистите во источна Украина.

Хотелот на брачната двојка Голупцпв се наоѓа во Прњавор кај Крагуевац, 16.03.2022 година.
Хотелот на брачната двојка Голупцпв се наоѓа во Прњавор кај Крагуевац, 16.03.2022 година.

Од 2019 година, тој и неговата сопруга водат хотел во Прњавор, мал град во централна Србија.

Набргу откако Русија го започна својот неиспровоциран напад врз Украина на 24 февруари, Голупцов го отвори својот хотел за Украинците кои бегаат од она што американските одбранбени експерти го опишаа како најголемиот конвенционален воен напад од Втората светска војна.

Среде анкетите кои сугерираат дека мнозинството Руси го поддржуваат нападот на рускиот претседател Владимир Путин врз Украина, Голупцов вели дека „вистинските Руси“ секогаш се на страната на правдата, подготвени да заштитат и да помогнат во време на неволја.

„Вистинските Руси се секогаш на страната на правдата“ и се подготвени да помогнат, вели брачната двојка Голупцов
„Вистинските Руси се секогаш на страната на правдата“ и се подготвени да помогнат, вели брачната двојка Голупцов

„Воден од овие принципи, ја напуштив Русија во 2014 година кога го анектираше Крим, бидејќи не сакав моето семејство да живее во земја која зема дел од територијата од своите соседи“, вели Голупцов, додавајќи дека украинските бегалци се добредојдени да престојуваат во неговиот хотел онолку долго колку што им е потребно, со храна и сместување бесплатно.

Генералното собрание ја одобри резолуцијата со која се бара заштита на цивилите во Украина

Околу 4 милиони Украинци ја напуштиле земјата досега. Според податоците на Комесаријатот за бегалци, околу 13.000 стигнале во Србија заклучно со 23 март, а околу 3.000 нашле сместување кај роднини или пријатели.

Во моментот има 48 бегалци од Украина во прифатните центри во Обреновац, во близина на Белград и Врање, во јужна Србија.

Србија деликатно балансира меѓу нејзините европски аспирации, партнерството со НАТО и нејзините вековни верски, етнички и политички врски со Русија.

Србија ќе се приклучи на одлуките на ОН за Украина, но не и на санкциите за Русија


Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се соочува со избори на 3 април на кои треба да ја задржи поддршката од граѓаните наклонети кон Русија, укажа на долгогодишната поддршка на Москва во Обединетите нации, каде што одби да ја признае независноста на поранешната отцепена српска покраина Косово.

Илјадници Срби, веејќи руски знамиња и носејќи слики од Путин, деновиве маршираа низ Белград до руската амбасада, во ретка меѓународна јавна поддршка за Москва по нејзината инвазија на Украина.

Претходно, Вучиќ му рекол на украинскиот амбасадор во Србија дека Белград го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина и дека е подготвен да пружи хуманитарна помош и да прифати бегалци.

Шеста лажна дојава за бомба на лет од Белград за Русија

Србија, која се потпира врз Москва за своите енергетски потреби, исто така се приклучи кон осудата на рускиот напад на Генералното собрание на ОН, но одби да воведе санкции против Москва.

Авиопревозникот Ер Србија продолжува да лета меѓу Белград и Москва - дури и некое време зголемувајќи го капацитетот додека не се врати на првобитните осум летови неделно по укорите од критичарите во Србија и во странство.

Претежно мајки со деца доаѓаат од Украина
Претежно мајки со деца доаѓаат од Украина

Одлуката да се отворат вратите на хотелот за украинските бегалци беше донесена за време на неодамнешното семејно собирање, при што четирите деца на Голупцов се вратија дома од далечни дестинации, вклучувајќи ги Канада и Германија.

Сите тие беа разделени две години, главно поради ограничувањата за патување наметнати за време на пандемијата на ковид-19.

„Јас и жена ми, заедно со децата веднаш решивме да помогнеме и веднаш објавивме информации за тоа преку социјалните мрежи и интернет групите“, објасни Голупцов, пензиониран инженер, додавајќи: „Претежно мајки со мали деца почнаа да доаѓаат, а многумина останаа само неколку дена пред да отпатуваат во земјите на ЕУ“.

Руси во Србија им помагаат на бегалците од Украина во Прњавор кај Крагуевац
Руси во Србија им помагаат на бегалците од Украина во Прњавор кај Крагуевац

Оттогаш, многумина контактираа со Голупцов од Полска, Шпанија и Италија за да ја изразат својата благодарност и да му кажат дека се безбедни.

Меѓу првите кои пристигнаа беше Олха Манмар која избега од Киев со нејзините три деца - на возраст од пет до 12 години - заедно со пријателката Хана Нижегародова и нејзиниот 16-годишен син и деветгодишната ќерка.

Марина Скотар од Харкив (Украина) со едномесечното бебе во хотелот на Голупцов во Прњавор кај Крагуевац
Марина Скотар од Харкив (Украина) со едномесечното бебе во хотелот на Голупцов во Прњавор кај Крагуевац

„Тие понудија да платат за нивниот престој, но ние не сакавме да слушнеме ништо за тоа. Им рековме дека можат да останат колку што сакаат и дека сѐ е бесплатно за нив. Посакавме брз крај на ова зло за да можат еден ден да ни се вратат како туристи“, рече Голупцов.

Манмар, која сега се пресели во стан во блискиот град Крагуевац, особено го пофали Голупчов како и неговата сопруга Вера, поранешна новинарка, за нивното гостопримство и добрина.

„Се разбира, децата не се однесуваа најдобро по четири дена патување, но Голупцови беа многу трпеливи, нежни и љубезни. Тоа ни значеше многу, бидејќи сите бевме под стрес. Никогаш нема да ја заборавиме нивната љубезна поддршка и разбирање, ниту нивните продолжени раце на пријателство и топли прегратки со кои не пречекаа“, изјави Манмар за РСЕ, додавајќи дека најмладата личност што ја видела во хотелот за време на нејзиниот престој е едномесечно бебе.

„Михаил обезбеди соби, оброци, поддршка. Тој едноставно го претвори хотелот во засолниште за бегалци", рече Манмар, додавајќи: „Тој секогаш ќе остане во нашите срца поради неговата добрина и пристојност“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG