Достапни линкови

Речник на термини кои се користат за епидемијата со КОВИД-19


Компјутерска анимација на новиот коронавирус, што ја предизвикува болеста КОВИД-19
Компјутерска анимација на новиот коронавирус, што ја предизвикува болеста КОВИД-19

Термините како карантин, самоизолација, апелите за седење дома станаа секојдневие по прогласувањето на пандемијата со новиот коронавирус КОВИД-19.

За подобро разбирање на новиот Коронавирус – КОВИД-19 што може да придонесе за подобра заштита презентираме дел од термините кои се употребуваат откако се појави заразата. Покрај медицинското објаснување што значи вирусот и во која група на вируси спаѓа, даваме објаснување и на термините со кои почнаа да живеат цели земји и нации како карантин, самоизолација и други.

КОВИД-19

Ова е името на пандемијата со коронавирус болеста која се прошири низ целиот свет. Таа е предизвикана од новиот коронавирус кој се појави најпрво во Вухан, Кина.

Коронавирус

Ова е име на семејството на вируси од видот Корона како што е Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) и Тежок акутен респираторен синдром (САРС).

САРС-КоВ-2

Ова е научното име на вирусот кој може да ја предизвика болеста КОВИД-19. Тој означува тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2.

Физичко дистанцирање (што е различно од социјално дистранцирање)

Вака се нарекуваат мерките за ограничување на личниот контакт помеѓу луѓето надвор од нивните домови со цел да се спречи ширењето на болеста, дури и помеѓу луѓе кои немаат или не покажуваат никакви симптоми. Светската здравствена организација препорачува луѓето да држат растојание меѓу себе од најмалку два метри. СЗО почна да го користи терминот „физичко дистанцирање“ кој е многу посоодветен и не подразбира дека луѓето треба да се разделат.

Самоизолација

Малку посериозна форма на физичко дистанцирање кое најчесто се препорачува на луѓе кои припаѓаат на високо ризични групи кои се поранливи на заболувањето. За нив се препорачува да се самоизолираат. Самоизлолацијата исто така се препорачува и на луѓе кои треба се изолираат од остатокот од популацијата поради опасност од тоа дека биле во контакт со луѓе кои биле дијагностицирани позитивно на КОВИД-19. Тие мора да поминат 14 дена во самоизлолација со цел да се осигурат дека не се заразени.

Затворање (седење дома)

Овој термин најчесто се употребува како задолжителна мерка која ја носат властите за жителите на одреден град или регион. Тој означува дека луѓето треба да останат во своите домови со цел да се спречи инфицирање или ширење на инфекцијата. Многу земји ваквата мерка ја спроведуваат на целата своја територија, а на социјалните мрежи многумина пишуваат под хаштагот #седидома.

Коронавирус, Грција
Коронавирус, Грција

Карантин

Ова е најтешката форма на изолација која ја наметнуваат властите за време на епидемијата со Коронавирусот. Таа состојба најчесто означува строги мерки за одделување на заразените пациенти од остатокот од популацијата. Исто така овој термин може да се однесува и на превентивното одделување на луѓе кои се од висок ризик за добивање на заболувањето.

Заштитна опрема

Лична заштитна опрема е опремата која ја користат медицинските сестри и докторите со цел да се заштитат од заболување. Таа вклучува хируршка маска или маска за дишење познати како FFP3 маски, визири, штитници за лице, ракавици и престилки.

Медицински персонал со заштитна опрема, Индија
Медицински персонал со заштитна опрема, Индија

Респиратор (маска)

Респираторот е уред за лична заштита кој се носи на лицето или на главата и ги покрива најмалку носот и устата. Ваквите маски се користат најмногу во болнички услови со цел да се намали ризикот од вдишување на заразни бактерии. Надвор, тие исто така можат да се користат и како заштита од друг вид на опасни честички во воздухот или гасови.

Вентилатор (машина за вентилација)

Оваа машина се употребува во болниците со цел да испумпува воздух, најчесто помешан со дополнителен кислород, во белите дробови на пациент кој не може да дише сам без поддршка поради тешка инфекција која предизвикува откажување на работата на белите дробови. Оваа машина пренесува воздух преку маска за пациенти кои имаат полесни симптоми на заболување. Додека кај пациентите со потешка инфекција на белите дробови обезбедувањето на воздух се врши преку цевка која се става директно во дишните патишта на пациентот. Дишењето со помош на апарат помага да му се даде на пациентот време потребно за неговиот или нејзиниот имунолошки систем да го уништи вирусот.

Брис тест

Овој тест се прави преку земање на примерок за тестирање од носот или од грлото на пациентот со цел да се утврди дали тој е заболен. Бидејќи анализата на тестовите се прави со специјална опрема и преку специјална технологија, резултатите од тестот се добиваат по неколку часа, или во случаи која лабораториите не се доволно опремени и по неколку денови. Многу земји и многу компании се обидуваат да развијат тестови кои ќе даваат резултати за новиот Коронавирус побрзо па дури и за тестирање во домашни услови. Многу тестови за брзо дијагностицирање кои беа испратени од Кина во многу европски земји, вклучувајќи ја и Чешка, се покажаа како делумни во можноста да откријат позитивни случаи.

XS
SM
MD
LG