Деаноски - Со плата од 400 евра тешко ќе се привлечат работници од странство
Моментално фалат работници буквално секаде, во јавен сектор и приватен сектор. Имаме информации дека моментално текстилни компании даваат парични награди на моментално вработените доколку привлечат нови вработени, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски во неделното интервју на РСЕ.