Спасовски – Мирни избори без посериозни нарушувања
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека гласањето помина мирно и без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Во штабот на Река загрижени поради нискиот одѕив
Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река оценија дека денешните избори поминале во фер и демократска атмосфера со многу мал број неправилности.
Портпаролот на изборниот штаб на Река, Рамадан Реџепи рече дека е загрижувачки фактот што е мал процентот на излезност на овие избори и ова, според него, ја потврдува нивната теза дека 1/4 од населението е иселено од Македонија.
Пендаровски во водство по обработени над 9 отсто од гласовите
Кандидатот на СДСМ и владината коалиција, Стево Пендаровски од досега пребројаните 9,21 гласови води на претседателските избори. Тој освоил 24 916 гласови, според податоците на ДИК. По него со освоени 22 626 гласови е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давковка.
Јанушев – Водиме во огромен број општини, власта е на колена
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев рече дека нивната кандидатка за претседател, Гордана Сиљановска – Давковска води на огромен број избирачки места и општини. Тој рече дека според пребројаните гласови, Сиљановска – Давкова веќе победила во општините Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров.