Достапни линкови

Претседателски избори - прв круг

Граѓаните денеска гласаа на шестите претседателски избори од независноста на земјата. Во трката се тројца кандидати за функцијата - Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски.

  • - Заврши гласањето на претседателските избори.
  • - Одзивот до 18:30 часот е 39,71%, а гласањето се одвива без проблеми.
  • - Сите гласачки места беа отворени во 7 часот, освен едно во Студеничани.
  • - Право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а гласањето го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3480 избирачки места.
  • - За победа во првиот круг на еден од кандидатите му е потребно мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно 904.066 гласови.
  • - Доколку никој не ги освои потребните гласови денеска, вториот круг гласање е закажан на 5 мај.
13:39 21.4.2019

Прес на ДИК: До 13 часот одзивот е 20,45%

Гласањето се одвива без проблеми. Само едно гласачко место во Студеничани не било отворено и таму не се гласа.

13:43 21.4.2019

МВР: До сега регистрирани три изборни нарушувања

Двајца фотографирале гласачки ливчиња, на едно гласачко место искршена вратата

14:05 21.4.2019

Општина Желино со најмала излезност во Тетовско до 13 часот

Таму се бележат само 6.62 % или избор за претседател направиле 1.557 граѓани од вкупно 23.510.

14:19 21.4.2019

Претседалески избори во Северна Македонија 2019
Претседалески избори во Северна Македонија 2019

Гласањето без проблеми, најголема излезност во Прилеп, најмала во Липково

Излезноста на денешното гласање на претседателските избори до 13 часот е 20,45 проценти од вкупниот број на запишани избирачи. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска информираше дека до моментот на одржувањето на прес-конференцијата биле пристигнати податоци од 75,57 проценти од избирачките места на кои гласале 284 942 гласачи. Само едно гласачко место во Студеничани не е отворено и таму не се гласа.

„На сите гласачки места гласањето тече непрекинато и без проблеми“, рече Гугучевска.

Поопширно, тука

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG