Големи делови на Западна Германија беа погодени од силен дожд во ноќта кон 15 јули, што резултираше со локални поплави што уништија згради и однесоа автомобили. Бројот на смртни случаи по невремето во Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија се зголеми на најмалку 81, соопшти германскиот радиодифузер АРД на 16 јули. Особено погодени се областите Бад Ноенахр, Ахрвајлер и Еускирхен, според полицијата. Некои од мртвите сè уште не се извлечени, а луѓето сè уште се водат како исчезнати.
Поглед на последиците од поплавите во Германија и Белгија

1
Големи штети во селото Шулд во округот Ахрвајлер по обилното поплавување на реката Ахр, во Шулд, Германија, 16 јули 2021 година.

2
Фотографија направена со дрон го прикажува уништеното село Шулд во областа Ахрвејлер по силното поплавување на реката Ахр, во Шулд, Германија,16 јули 2021 година.

3
Големи штети во селото Шулд во округот Ахрвајлер по обилното поплавување на реката Ахр, во Шулд, Германија, 16 јули 2021 година.

4
Уништени куќи во селото Шулд по излевањето на реката Ахр