Победниците на леукемијата со помош за сегашните борци
Младите волонтери на „Сано“, кои ја имаат победено леукемијата, се враќаат во Детската клиника за да им помогнат на родителите и децата кои боледуваат од оваа болест. Волонтерите Теодора Трајковска, Андријана Серафимовска, Бојан Христовски, Тео Тасев и Филип Димишковски се добитници на годинашната награда „13 ноември“ за нивната хумана активност. Тие, преку нивната организација, отворија Родителска куќа кај Детската клиника, каде престојуваат родителите и децата на лекување кои не се од Скопје. Покрај бесплатниот престој тие помагаат и со психолошка поддршка. Што имаат да порачаат тие?