Достапни линкови

Од протестите и немирите во САД

Протестите во неколку градови низ Соединетите држави прераснаа во судири меѓу полицијата и демонстрантите на 25 и 26 јули, откако скоро два месеца траат демонстрациите во врска со полициската бруталност и расните прашања. Низ целата земја, десетици беа уапсени, а полицијата во некои градови употреби солзавец против демонстрантите, од кои некои беа насилни и уништуваа имот.

Во Сиетл и Портланд, полицијата прогласи немири и уапси десетици луѓе откако протестите на 25 јули прераснаа во насилства. Во Остин, Тексас, демонстрант, кој очигледно бил вооружен со пушка, бил застрелан на 25 јули кога се приближил со автомобил за кој демонстрантите рекоа дека се обидел да ги истурка. Сличен инцидент имало и во Аурора, Колорадо. Во Луисвил, Кентаки, полицијата соопшти дека три лица се повредени кога припадник на Црната милиција случајно го испразнил огненото оружје. Немирите на 25 и 26 јули произлегоа од протестите за расната неправда што избувнаа по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис кон крајот на мај. Зад насилствата на последните протести се чини дека е одлуката на претседателот Доналд Трамп да распореди федерални агенти во некои градови за да ги заштити зградите на владата во рамките на кампањата „закон и ред“ насочена кон, како што вели, радикалните левичари и анархисти. Демократите побараа федералните агенти да се повлечат од локалните надлежности. Тие велат дека претседателот ги користи федералните агенти за политички цели и да ги дискредитира демонстрантите.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG