Работниците од Виетнам, кои градат фабрика за гуми за кинеската компанија Линглонг во Зрењанин, се побунија поради условите за живот и неисплатените плати. Според невладините организации за заштита на човековите права, околу 500 виетнамски работници престојуваат во бараки во близина на градилиштата во северозападна Србија во нехумани услови.
Нехумани услови за работниците од Виетнам во Србија

1
Претставниците на невладините организации Иницијатива за економски и социјални права А11 и Акција против трговија со луѓе - АСТРА на 15 ноември објавија дека виетнамските работници живеат во услови недостојни за човечко суштество. Ден по нивното известување, на медиумите им беше забранет пристапот до кампот во кој беа сместени работниците.

2
Просторот пред бараките каде што се сместени работниците од Виетнам

3
Невладините организации предупредуваат дека просториите во кои престојуваат работниците се помали од затворскиот минимум за лица лишени од слобода.

4
„Во просториите нема вентилација, нема доволно природна светлина, на подот има бетон, наоколу има голи ѕидови. Струјата е толку слаба што само сијалиците можат да се вклучат и да полнат телефони“, изјави за Радио Слободна Европа Данило Ќурчиќ од невладината А11 Иницијатива, кој на 14 ноември ги посети работниците. На сликата: Работник во барака во Зрењанин, 14.11.2021 година.
Фејсбук форум