Последните сателитски снимки објавени од Maxar Technologies покажуваат повеќекратни нови теренски распоредувања на оклопна опрема и војници северозападно од Белгород и во близина на Солоти и Валујки, Русија. Оваа нова активност претставува промена во моделот на претходно забележаното распоредување на борбени групи (тенкови, оклопни транспортери, артилерија и опрема за поддршка). До неодамна, повеќето од распоредувањата беа забележани првенствено позиционирани во или во близина на постоечките воени гарнизони и области за обука.
Најновите сателитски фотографии покажуваат нова руска воена активност во близина на Украина

1
Оваа сателитска снимка покажува заминување на војници и распоредување на борбена група во Солоти, Русија, на 20 февруари 2022 година, според Maxar Technologies.

2
Оклопен баталјон се движи кон југ, во Солоти, Русија. Maxar Technologies објави дека на 20-ти февруари, повеќето борбени единици и опрема за поддршка во Солоти заминале, а колони со оклопна опрема биле забележани низ целата област.

3
Област во Солоти, Русија, по заминувањето на борбена група. Може да се видат обемни траги на возила.

4
Оваа сателитска снимка направена на 20 февруари покажува распоредување на хеликоптер, борбена група и војници во Валујки, Русија. Дел од опремата е распоредена на поле приближно 15 километри северно од украинската граница.