Мис Универзум 2019 е активистка за женски права
Користејќи ја својата позиција, годинашната победничка на Мис Универзум, Јужноафриканката Зозибини Тунзи го крева гласот за женските права. На изборот таа беше облечена и во национален костум во кој беа вметнати љубовни писма пишувани за жени од нејзината земја. Таа сака денешните момчиња утре да бидат мажи кои ги почитуваат жените.