Медот и поскап и сè помалку го има
Годинешните приноси на мед ќе бидат двојно помали во споредба со претходните години, велат македонските пчелари. Поради климатските промени и нелојалната конкуренција производството на најслаткиот пчелин производ се намалува, а поради зголемените трошоци за производство, цената на медот расте.