Руски војници носеа маски додека се подготовуваа за годишната парада на Денот на победата на 9 мај, за да се одбележи крајот на Втората светска војна. Но, во време на напорите за спречување на ширењето на коронавирусот рускиот претседател Владимир Путин ги одложи прославите за подоцна.
Маскирани руски војници се подготвуваат за парада

1
Маскирани руски војници возат оклопни возила во Екатеринбург за време на пробите на парадата на Денот на победата на 14 април.

2
Руски војник во заштитна маска излегува од воено возило за време на пробата за годишните прослави на Денот на победата. На настанот во Екатеринбург се очекува да има 13 авиони и девет хеликоптери.

3
Борбени тенкови Т-34 во Екатеринбург за време на пробите за прослави што ќе ја одбележат 75-годишнината од победата на сојузниците во Втората светска војна. Настанот беше најавен за 9 мај.

4
Лесно оклопно возило од ерата на Втората светска војна. Во февруари, министерот за одбрана Сергеј Шојгу објави дека на парадата на Црвениот плоштад ќе учествуваат 15.000 војници и 375 воени возила и авиони.