Македонската власт го чека конечниот француски предлог
Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, францускиот предлог не е конечен, а надлежните молчеле за процесот за да не влијаат на случувањата во Бугарија. Тој ги повтори македонските позиции за францускиот предлог и рече дека треба да се види кој е следниот чекор што ќе го преземе Франција имајќи ги предвид ставовите на двете страни.