„НаТочак“ одбележаа 9 години организирање „Критична маса“.
„Критична маса“ е велосипедски настан, со кој граѓани возат одредена вело рута со цел да побараат активности за подобрување на вело инфраструктурата. Вообичаено, „Критична маса“ се вози секоја последна среда во месецот во Скопје, но овој пат се возеше викендот со цел да се одбележи деветгодишнината од првата „Критична маса“.
„Гледаме дека во Скопје има промена во овие 9 години, и граѓаните гледаат, па свесно или несвесно точакот почнува да станува избор и за малку поширока демографска група, не само на оние кои би возеле во било какви услови. Но, според нас, многу бавно се случува промената. Сакаме Скопје да стане пешачки и велоград, во нашите животи!“, истакнуваат од „НаТочак“.
Тие бараат сите општини да работат на „визијата за Скопје Велоград, за Скопје пешачки град“, оти како што велат тие, „Скопје не се само булеварите“.
„Скопје е една целина и потребни се пешачки и велосипедски мрежи кои ќе овозможат безбедно движење од било која точка А до било која точка Б“, дополнуваат оттаму.