Главоболки со сметките за струја
Последните високи сметки за електрична енергија непријатно ги изненадија граѓаните. Освен семејствата високите цени на струјата неминовно ќе имаат негативно влијание и врз бизнисот. Трошоците за струја и натаму растат. Тие веќе придонесуваат за зголемување на цените не само во угостителските објекти. Некаде цените се повисоки и за 30 проценти.