Забраната за летање, наредена од руската влада, во текот на пандемијата КОВИД-19, стапи во сила на 27 март, оставајќи заробени стотици странски работници. Единствен исклучок се чартер-летовите за враќање на руските граѓани од странство.
Коронавирус - Заробени на аеродроми во Русија
Со откажани летови и затворени граници во Русија, многу работници мигранти од Централна Азија се најдоа заробени и не може да се вратат во матичните земји. Стотици се заробени на аеродромските терминали низ цела Русија.

1
Киргистански мигранти чекаат на аеродромот Толмачево во Новосибирск. Околу 200 луѓе живеат на аеродромот од 27 март, кога Киргистан и Русија ги откажаа меѓународните летови во обид да го запрат ширењето на коронавирусот.

2
Киргистански работници мигранти чекаат на аеродромот Толмачево во Новосибирск на 31 март.

3
Киргистанските мигранти чекаат на аеродромот Толмачево во Новосибирск.

4
Киргистанските мигранти на аеродромот Толмачево во Новосибирск велат дека ги изгубиле работните места и нивното сместување. Тие живеат во неизвесност и се очајни за помош од киргистанската влада.