Достапни линкови

Конгресот на СДСМ и дивоградбите


Илустрација: Паркинг меѓу куќи
Илустрација: Паркинг меѓу куќи

Овие две теми се во фокусот на коментарите на читателите на социјалните мрежи на РСЕ.

26 Конгрес на СДСМ помина, се избраа нова заменик претседателка на местото на Радмила Шекеринска која се повлече од партискиот живот, потоа нови потпретседатели и членови на највисоките тела на Партијата. И, како што порача лидерот, Зоран Заев, СДСМ има нови кадровски освежувања кои, според него, се спој на искуство и на енергија.

Изборот на Сања Лукаревска, директорката на УЈП, за нова заменик претседателка на СДСМ, Иван Бабановски го коментира на нашата ФБ страница со порака: „Бараме ние граѓаните кои не сме на платен список на партиската држава Лукаревска да почне да си ја врши работата за која зема добра плата во УЈП. Сите тајкуни, олигарси, апаши и партиски првенци да си платат даноци на парите украдени, тендерски наместени и сиот имот што го имаат опљачкано за овие 30 години. За сѐ што не е според законот кривични пријави и одземање на украденото. Ал Капоне имаше над 200 убиства, не можеа да го затворат во Америка, заглави на утаја на данокот!“ Оле Чешмеѓиева со свој коментар на коментарот на Бабановски: „Нема време за ʼгаздитеʻ да ги раздрма малку, нејзините интереси се најбитни...“

Уште пред Конгресот на владејачката партија, стигна и реакција на потпретседателот наВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски кој рече дека не очекува нови кадри или нова идеја што ќе ја извадела Македонија од здравствената и економската криза, и по неговата изјава има повеќе контра реакции. Потпишана со Олгица Ројтер возвраќа: „И ти не си нов“, а Младен Марковиќ вели: „Е ти си нов кадар со ново мислење и идеи! Така умен како те направија?“ Редовниот Ванчо Коде напишал: „Колку ти што си нов и повеќето скобуси во твоето здружение така и тие се нови кадри“.

Посетителите на ФБ страницата на Радио Слободна Европа го коментираат и обраќањето на претседателот на Партијата, Зоран Заев. Славка Талевска постирала: „Сега пикни ги во влада сите рамковни и останати криминалци“, а Емран Ени со порака до опозициската партија: „Нека си бара и ВМРО кандидат оти ако се појави Мицко во Битола или Прилеп сигурно нема назад да се врати здрав, ќе го бркаме со камења и срчени шишиња“. Николче Кузмановски го прашува премиерот „... шо е различно од претходната власт, и да му објасни на членството шо ветуваше и шо напрај толку, нека одговори???“ Кочо Влаху го дава примерот на Крушево, за кое вели дека е „пример за како треба да е. Секаде во секое село, во секое маало е направено нешто што и беше ветено“. Па додава: „За жал, на други места не е така, и во многу министерства“.

Потпишан со Филип Генц Тито извикува со пцовка: „Време на нови лоповииии...“, а Шенаси Арифи го „смирува“: „Смиреноооо, твојот шеф каде е во Букурешт“, грешејќи го името на унгарскиот главен град. Новиот Закон за легализација на дивоградбите предизвикал прилично негативни реакции. „Ако застанеме тука со Законот, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните...“, изјави премиерот Заев во врска со непотпишувањето на Законот од страна на претседателот Стево Пендаровски. Дивна Стоилова налутено коментира: „Па кој ги терал да градат и крадат, сега ние ќе им се секираме. Води грижа за тие што нема што да јадат, а не за тие што изградија хотели, згради и хациенди, срамота“. Анна Јакимова се чуди: „Чудна изјава на премиерот. Повикува ЕУ да си го одржи ветувањето и да не прими во Унијата каде што не смееш ни на тераса да сушиш алишта, но очекува озаконување на дивоградби?! Па зошто би нѐ примиле?“ Бардур Мимидиноски со мислење: „На обичните граѓани 100% ќе ги рушите, ама на мафијата било во СДСМ било во ДПМНЕ, нема да ги чепнете“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG