Киев го потресоа неколку експлозии
Неколку експлозии денеска изутрината го погодија центарот на Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, а агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на сведоци објави дека облак од црн чад се издига од зградите. „Неколку експлозии во областа Шевченски - во центарот на главниот град“, напиша Кличко.