Велика Британија, една од најтешко погодените земји од коронавирусот на 8 декември ја започна својата кампања за вакцинација, клучен чекор во борбата против пандемијата. Домашните негуватели, вработените во здравствените установи и луѓето на возраст над 80 години се први на листата.
Како се одвива вакцинирањето против ковид-19 во Британија

1
90-годишната Маргарет Кинан е првата пациентка во Велика Британија која прими вакцина на Фајзер и Бионтех, дадена од медицинската сестра Меј Парсонс, на почетокот на најголемата досега програма за имунизација во британската историја, Ковентри, Велика Британија 8 декември 2020. Британија е првата земја во светот што започна да вакцинира луѓе со оваа вакцина

2
Медицинскиот персонал се подготвува да ја дава вакцината на Фајзер Бионтек на приматели во центар за вакцинација, на првиот ден од најголемата програма за имунизација во британската историја, во Кардиф, Велс.

3
Британскиот премиер Борис Џонсон аплаудира откако медицинската сестра Ребека Катерсидс ја вакцинира Лин Вилер во болницата Гај во Лондон

4
Медицинска сестра со шишенце со вакцината, Ковентри, Велика Британија на 8 декември 2020 година.