Дрисла ја врати дозволата за третирање опасен отпад
Депонијата Дрисла добила дозвола за третирање на опасен отпад, а нема инсталација за нивен третман. Инспекторатот за животна средина ја задолжил компанијата да ја врати таа дозвола. Со тоа ги заштитивме скопјани да не може компаниите да фрлаат таков опасен отпад, како киселини, бази, пестициди, за кои Дрисла нема соодветни услови за третман, вели директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски.