Достапни линкови

Како бетонот ги замени дрвјата во Белград

Според урбанистичкиот план од 1974 година, за еден жител на Белград, до 2000 година требаше да има 45 квадратни метри зеленило по глава на жител. Денес, сегашниот план за регулирање на зелените површини, кој беше усвоен од градското собрание во 2019 година, предвидува 23 квадратни метри при планирање на нови станбени населби и комплекси.

Како што тогаш рече заменик градоначалникот Горан Весиќ, Белград за прв пат во историјата доби план со кој ќе се регулираат зелените површини во главниот град на Србија.

„Треба да се стремиме кон таа цел и, со оглед на климатските промени, една четвртина од градот треба да биде под зелени површини“, рече Весиќ.

Во Белград живеат 1,3 милиони жители, а во предпандемиската 2019 година го посетија скоро исто толку туристи (1,25 милиони).

Веќе изградената централна зона на градот претрпе промени, кои најмногу се рефлектираат во помали површини под дрвјата и зеленилото.

Според последните расположливи податоци, застапеноста на зеленилото во Белград е околу 0,025 хектари по жител, додека европските стандарди предвидуваат тринаесет пати повеќе зеленило, односно 0,33 хектари по глава на жител, изјави за Радио Слободна Европа деканот на Шумарскиот факултет во Белград, Ратко Ристиќ.

Погледнете како се смени центарот на Белград од повоените години на 20 век до денес.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG