ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа, СДСМ ги очекува коалициските гласови во втор круг
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори. Додека партиското раководство разгледува можност за предвремени избори, можно е формирање на ново парламентарно мнозинство, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски. Пред седиштето на партијата имаше и славје до зурли и тапани. Во СДСМ, пак, немаше славеничка атмосфера, но велат изборите имаат и втор круг и на крај ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Изборниот ден го одбележаа проблемите со апаратите за читање отпечатоци на прсти.
Партиите ги чекаат официјалните резултати од локалните избори
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во првиот круг од локалните избори, тврдејќи дека добила најмалку 20 градоначалници, иако официјалните резултати сѐ уште не се објавени.
Во 10 општини избрани градоначалници во прв круг, покажуваат досегашните податоци на ДИК
Завршено е броењето на гласовите и во првиот круг избрани се градоначалници на девет општини: Градско, Дојран, Центар Жупа, Богданци, Виница, Валандово, Зрновци, Могила, Пласница и Липково, покажуваат досегашните податоци објавени на онлајн апликацијата на Државната изборна комисија.