Достапни линкови

Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021
Гласачки кутии. Македонија, локални избори 2021

Избори за локална власт 2021

ВМРО ДПМНЕ прогласи победа на локалните избори

СДСМ смета дека ке победат во вториот круг поради подобриот коалициски капацитет.

Гласањето беше продолжено поради успорувањето предизвикано од машините за отпечаток од прст.

Сите гласачки места беа отворени навреме.

Право на глас имаа над 1,8 милиони граѓани (1.824.864 лица )

Не беа забележани поголеми проблеми или нерегуларности.

20:28 17.10.2021

Николовски уверен во победа на СДСМ на локалните избори

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски изрази увереност дека нивната коалиција ќе забележи победа на изборите. Тој рече дека ќе почнат да го соопштуваат резултатите кога ќе почнат да ги добиваат. Николовски оцени дека имало мирен, достоинствен и европски изборен ден.

20:36 17.10.2021

До МВР пристигнале 91 пријава, најмногу за агитирање

Изборниот ден мина во мирна и демократска атмосфера, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по завршување на гласањето на локалните избори 2021.

„МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на изборниот процес. До 19 часот се бележи вкупно намалување за 40 проценти на пријавени настани во споредба со изборите во јуни 2020. Така годинава се пријавени 91 настан, а 151 настан имало лани“, рече Спасовски на прес-конференција пред седиштето на МВР.

20:59 17.10.2021

Османи - Изборите се успешни, ДУИ победува во три општини уште во првиот круг

Бујар Османи
Бујар Османи

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на првата прес-конференција по завршувањето на гласањето за локалните избори истакна дека првично очекуваат победа во три општини уште во првиот круг. Тој рече дека голема предност неговата партија има и во речиси сите општини каде имаат кандидати.

„Според прелиминарните резултати од досега изброените гласови, уште во првиот круг очекуваме победа на ДУИ во Сарај, Пласница, Липково“, рече Османи.

21:01 17.10.2021

ЗНМ - Осуда за односот на Даштевски кон новинарите

На денешната попладневна конференција за медиумите организирана од Државната изборна комисија, претседателот на ДИК Александар Даштевски имаше непрофесионален и омаловажувачки однос кон дел од новинарите во делот кога се обидуваше да одговара на новинарските прашања, соопшти Здружението на новинарите на Македонија.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG