Прес конференција на Државната изборна комисија (ДИК) во 13:30ч
До ЈО пристигнато известување за можно нарушување на изборниот процес
На 17.10.2021 година во 09:04 часот било добиено известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел, како што се наведува, попречување на изборниот процес. Исто така се наведува дека друго лице – познат сторител на кривични дека поседувал оружје и дека на денот на гласањето ќе извршел кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија. Целата информација тука
Тана де Зулуета: го набљудуваме гласањето, како и примената на новата технологија
„Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права – ОДИХР ги мониторира локалните избори на покана на Владата. Имаме тим од 165 набљудувачи, од кои 126 се краткорочни набљудувачи, кои се распоредени низ земјата“, изјави шефицата на Mисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Северна Македонија, Тана де Зулуета по посетата на избирачкото место бр. 2805 во општина Центар. Во врска со проблемите кои се регистрирани со употребата на терминалите за отпечаток од прст при гласањето, таа изјави дека станува збор за нова технологија и се следи нејзината примена.