Зголемен евроскептицизам по бугарското вето за Македонија
Граѓаните се разочарани што Бугарија по трет пат го блокираше почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Повеќето од нив се разочарани од блокадата и не веруваат дека проблемот набрзо ќе се реши. Сепак има и такви кои веруваат дека земјава ќе ги почне долгоочекуваните преговори.