Откако талибанците го презедоа Авганистан кон средината на август, лицата на жените се избришани од рекламите и муралите. Милитантните исламисти создаваат нов мрачен начин на живот. (Овие фотографии се направени од хонорарец во Кабул, кој побара анонимност од безбедносни причини.)
Женски лица исчезнуваат од улиците во Кабул

1
Мурал во Кабул на жена-избирач, која е префарбана со спреј за да го покрие нејзиното лице

2
Затворени салони за убавина со пребоени женски лица. Еден локален жител во Кабул вели дека таквите бизниси биле речиси исклучиво управувани од жени. Тој додава дека во некои случаи уплашените машки роднини на сопствениците на продавниците побрзале да ги пребојат излозите.

3
Влезот во затворен салон за убавина во населбата Шар-е-Нау во Кабул

4
Префарбано лице на жена на влезот во трговски центар