Достапни линкови

Евровизијата помина, поделбите и омразата останаа - вие коментирате


„Можно е помирување ако за секое место има по двајца, еден од ВМРО и еден од СДС, така што сите да можат да крадат, а да не се издаваат“. - вие коментирате.

Евровизија беше и помина. Тамара Тодевска го освои осмото место и коментарите за нејзиниот настап во странските и домашните медиуми и социјални мрежи се полни со пофалби за квалитетот на нејзиниот настап.

На ФБ страницата на РСЕ – вообичаено, различни коментари и - политика. Игор Стојчевски веднаш ја коментирал честитката од премиерот Зоран Заев дека „никогаш не сме биле олку горди“, па прашува: „На што горди, бе? На новата држава?“ Валентина Јакимов ја спомнува Грција: „А ’пријателска‘ Грција... 1 поен, ха ха“, а зборот „пријателска“ го ставила во наводници. Затоа, пак, Фате Рустимоска постирала: „Браво, Тамара!“, а Ебрар Реџеп со забелешка за Европа: „Е, ова е Европа. Дават, на крај земат, Тамара требаше на прво место, жалосно...“ Јана Динковски го кажува она на што реагираа голем број граѓани: „Ебрар Реџеп, ако сите Македонци гласаа во странство ќе победевме“. Марјан Тренгоски е против додавката на нашето име: „Е, ако настапуваше Македонија, сигурно ќе гласаа. Вака, толку од северџаните“. Но Владимир Илиевски го потсетува: „До лани настапуваше ФИРОМ“.

Национална дебата за надминување на поделбите
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:28 0:00

Тема на неделата на РСЕ на македонски е граѓанското помирување, особено по најавата на новиот претседател на државата, Стево Пендаровски, дека една од првите задачи ќе му биде токму тоа: да работи на граѓанското помирување во земјава. Но граѓаните покажуваат скептичност и непомирливост, барем судејќи според постовите на нашиот ФБ. Бале Бале Анчески веднаш постирал: „Со северџани, не“, а Афродита Мирка Тодорова има свој „рецепт“: „Можно е помирување ако за секое место има по двајца, еден од ВМРО и еден од СДС, така што сите да можат да крадат, а да не се издаваат“.

Социјалната реформа ќе се почуствува во јуни
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:53 0:00

Редовното неделно интервју на нашево Радио е со министерката за труд и социјала, Мила Царовска, која, покрај другото, кажува колку средства издвојува државава за намалување на сиромаштијата и за грижата за децата бездомници. Ана Јакимова вели: „Одлично! Ајде“, а Бојана Данева со пост: „Редно време е некој да го спомне, а камоли да се позанимава со овој проблем“. Но, кај Ресул Исеини и Идриз Дардишта како да постои недоверба. „Ти само збориш, ништо не правиш“, смета Идриз Исеини, а Дардишта дури поостар: „Метла за тебе Царевска треба да игра“. Слаѓана Јола Елезовиќ со поддршка: „Редно време е да сториме сè нашиот град и останатите да заличат на цивилизирана средина за живеење.... Исто и со бездомниците.... Сликата е лоша“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG