Достапни линкови

Документ на ЕУ: Вучиќ го одлага раскинот со Русија, му помага опозицијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот амбасадор Александар Бочан-Харченко, Белград, 6 јуни 2022 година.
Српскиот претседател Александар Вучиќ со рускиот амбасадор Александар Бочан-Харченко, Белград, 6 јуни 2022 година.

Европските разузнавачки служби подготвија анализа во која се оценува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ се обидува да преземе чекори на домашна и меѓународна сцена за да го одложи раскинувањето со Русија, а во меѓувреме да продолжи да добива отстапки од Западот. Ѓераќина Тухина

Овој документ, кој е класифициран како „доверлив“, е подготвен од неколку европски разузнавачки служби, за потребите на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на чело со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше увид во овој документ, во кој се анализираат следните чекори што ќе ги преземе претседателот Вучиќ за продолжување на политиката на балансирање.

Лавров ги обвини ЕУ и НАТО: Не му дозволуваат на Белград да води независна политика

Според европските разузнавачи, руската инвазија врз Украина му го донесе проблемот со рамнотежата на силите на претседателот Вучиќ, намалувајќи го просторот за маневрирање на Србија во областа на надворешната и безбедносната политика.

Во анализата се наведени можните чекори што би можел да ги преземе претседателот на Србија во блиска иднина.

Што може да направи Вучиќ?

„За да го ублажи силниот притисок на Западот во однос на санкциите, претседателот Вучиќ планира да преземе различни потези, на меѓународен и внатрешен план, со цел да ги спречи негативните импликации за Србија, но најмногу да ја зачува сопствената политичка моќ“, се вели во документот.

Меѓу другото, се наведува дека е многу веројатно тој што подолго да го одложи формирањето на новата влада, користејќи го тоа како изговор за одложување на воведувањето санкции против Русија.

Изборите во Србија се одржаа на 3 април. На нив прогресивците на Вучиќ освоија 120 места во Собранието на Србија, додека во Парламентот од 250 места за формирање влада се потребни најмалку 126 гласа.

Од друга страна, се оценува во документот на ЕУ, се очекува претседателот на Србија најверојатно да спроведе „политика на мали чекори“ за да ја приближи Србија до Западот.

Целта е да се одложи конечниот раскин со Русија и да се искористи идната промена на надворешнополитичката насока за да се добијат што повеќе политички и економски отстапки за Србија.

Улогата на Српската православна црква во случај на раскинување со Русија

Во документот се споменува дека Српската православна црква (СПЦ) ќе има клучна улога доколку Србија одлучи да се пресели на Запад.

Се наведува дека патријархот Порфириј е многу близок со српскиот претседател и дека би одиграл важна улога во прифаќањето на прозападната политика на Србија од страна на населението.

Дарежливите државни донации за СПЦ ќе му помогнат на Порфириј да го убеди свештенството во тој поглед“, се вели во интерниот документ.

Во него се додава дека првобитниот „неутрален“ избор на Црквата да не заземе ниту една страна во војната во Украина, му ја олесни ситуацијата на Вучиќ, создавајќи му одреден простор да се дистанцира од Русија.

Користа на Вучиќ од десницата

Европските разузнавачки служби оценуваат дека Вучиќ во наредниот период ќе се обиде да ја искористи руската десничарска опозиција во парламентот како изговор за да не усвојува и да одложува тешки надворешнополитички одлуки.

Вучиќ по разговорот со Путин: Србија ќе има поволна цена за рускиот гас

На Вучиќ му се допаѓа присуството на таква опозиција, бидејќи тоа му овозможува да се претстави на Западот како умерен политичар“, се вели во документот, но исто така се нагласува дека овие десничарски партии се поврзани од СНС и имаат финансиска и логистичка поддршка од оваа партија.

Тензии меѓу прогресивците и московските фаворити за министри

Европските разузнавачки служби предвидуваат дека тензиите во СНС ќе се зголемат при распределбата на власта на локално и државно ниво, но и поради идните надворешнополитички одлуки.

Кога ќе се формира владата, нејзиниот состав ќе биде јасен показател за надворешната политика на Србија, а според документот, Александар Вучиќ најверојатно ќе продолжи да држи прозападни и проруски министри во идната влада за да продолжи со балансирањето.

Во оваа насока, анализата предвидува дека идниот премиер ќе биде од редовите на СНС.

Како можни кандидати се споменуваат Синиша Мали (актуелен министер за финансии и поранешен градоначалник на Белград), Никола Селаковиќ (актуелен шеф на дипломатијата), а за актуелната премиерка Ана Брнабиќ се смета дека ќе биде или претседател на Собранието или ќе добие важна амбасадорска функција.

Посебен пасус е посветен на кариерата на Никола Селаковиќ, за кого во документот се нагласува дека доколку не стане премиер, тогаш ќе има важна министерска функција.

Тој останува кандидат за министер за надворешни работи, иако според европските разузнавачи, во оптек е и името на Марко Ѓуриќ, актуелен амбасадор на Србија во Вашингтон, но „Москва го препорачува Селаковиќ“ за оваа функција.

„Тројански коњ“ од опозицијата

Анализата на европските разузнавачки служби се занимава и со улогата на претседателот на Партијата за слобода и правда Драган Ѓилас на политичката сцена во Србија.

Според документот, разузнавачките информации покажуваат дека постојат индиции за „задкулисната соработка со Вучиќ и неговата улога на „тројански коњ“, што предизвикува раздор меѓу опозициските партии и ги ослабува веќе извесно време.

Ѓилас нема да го потпише европскиот документ за изборните услови во Србија

Се споменува дека Драган Ѓилас неколку пати пред изборите одбивал соработка со СНС, но таа соработка меѓу него и Александар Вучиќ станала поверојатна по личната средба во средината на април и по најавата за можни предвремени градски избори во Белград на есен 2022 година или пролет 2023 година.

Конститутивната седница на Собранието на Белград е закажана за в сабота на 11 јуни. Новиот градски парламент и влада ќе бидат избрани повеќе од два месеца по општите избори во април. Причина е повтореното гласање на две избирачки места, на 21 април.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG