Ако нема зголемување за 2.806 денари, Синдикатот ќе бара 18 отсто поголеми плати
Синдикатот не го доби барањето за линеарно покачување на платите и побара од Владата да продолжи социјалниот дијалог, во спротивно најавија колективни тужби против државата пред Меѓународната организација на труд и продолжување на штрајковите, вели претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски. Синдикатот најави продолжување на штрајковите.